вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 169
home Вести

Алармантно: До 10 часот загаденоста и до шест пати над дозволеното

Алармантно: До 10 часот загаденоста и до шест пати над дозволеното

Загаден воздух денеска уште во раните часови урива рекорди. Концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот измерена во 10 часот е алармантна. Мерната станица во Битола покажува дека таму жителите дишат отров бидејќи концетрацијата на ПМ10 честички изнесува дури 309 mg/m3.

Во градот на Зоран Заев се гушат, во Струмица изнесува 278 mg/m3, во Тетово изнесува 202 mg/m3. А, во другите градови низ територијата на Република Македонија постепено расте во населбата Карпош до 10 часот концетрацијата изнесуваше 198 mg/m3, додека пак во Гостивар е 193 mg/m3.

Ова е што може да се види според мерните станици по градовите каде што работат. Додека во Лисиче и Гази Баба се уште граѓаните не знаат колку загаден воздух и се какви отрови дишат, знаејќи дека овие две општини се меѓу најзагадените во државата.

Најнови вести