петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

АЛАРМАНТНО: Дали фрапантната разлика на откриени случаи меѓу Систина и Филипче открива дека поради владиниот „систем“ приватните клиники се подостапни за граѓаните од Јавното здравство ?

АЛАРМАНТНО: Дали фрапантната разлика на откриени случаи меѓу Систина и Филипче открива дека поради владиниот „систем“ приватните клиники се подостапни за граѓаните од Јавното здравство ?

Вчерашната неверојатно висока дискрепанца меѓу откриените случаи во приватната клиника Систина и оние презентирани од министерот Венко Филипче отвори редица дилеми и прашања.

На што се должи разликата од 30-на случаи?

Во клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, во еден ден се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 беа позитивни.

Истиот ден, Филипче откри само 25 случаи на ниво на целата држава со сите многубројни отворени пунктови.

Алармот вклучен: Приватните клиники подостапни за граѓаните од Јавното здравство!

Една од причините за разликата во тестираните и пронајдените заразени граѓани е фактот на кој токму граѓаните алармираа – во јавните установи тестот се прави тешко, т.е. термините се пребукирани и зафатени и не можете ни да „припарите“ до нив. Јавна тајна е дека лица блиски до власта преку врски во институциите обезбедуваат термини за себе и своите блиски, неверојатен пример за непотизам во време на корона.

Замислете да имате дури и послаби, не целосно изразени симптоми на коронавирус, а да не можете да се испитате и да морате да бидете итен случај само за да допрете до јавното здравство? Изборот на граѓаните е јасен, одите во приватна клиника и си плаќате од свој џеб за да не ги заразите своите блиски, бидејќи сомнежот секогаш постои.

Другиот факт е дека и во приватните тешко се доаѓа до термин за тест, но многу полесно отколку во јавното здравство. Ова е основниот проблем, кој укажува на слабите капацитети на државата во моментот, односно слабата организација и системска поставнеост на актуелното раководство, предводено од министерот Венко Филипче и владата на СДСМ.

Дали граѓаните благодарение на аферите на министрите и директорите на СДСМ ја изгубија довербата во јавното здравство?

Другото прашање, кое е исто така многу присутно меѓу граѓаните, е довербата или подобро кажано недовербата во јавното здравство. Фактите говорат дека по низата скандали кои го обележаа здравството во време на владеењето на актуелната влада на Заев, но и по лагите наметнати кон минатата со примери као случајот на малата Тамара, и онака слабата доверба во здравството доживеа рапиден пад. За ова своја голема улога имаа аферите од типот на „Рекет 2“ и „Рекет 3“ во кои сомнежи за учество имаше на адреса на актуелниот министер и на сметката на првиот човек на Фондот за здравство, двајцата најизвикани, но и најодговорни за актуелната состојба со здравството во Македонија.

Од една страна е тешката пристапност до тестовите и Јавното здравство, од друга е недовербата создадена коај граѓаните, кои се подготвени да ги дадат и последните достапни финансии само за да бидат сигурни во добриот и човечки третман, но и дека некој (поведени од аферите со раководните во здравството чија колатерална штета се медицинарите кои во моментот „гинат“ на терен во првите борбени линии на бојното поле со коронавирусот)  нема да им го побара истото мито и во јавните установи. Факт е дека лошиот глас во здравството се гради со децении, а недолжни жртви на истиот негативен одглас се илјадниците чесни медицинари, лекари, сестри и друг кадар, кои ги трпат последиците на коруптивните чекори на високите ешалони во власта и институциите.

На руинирање на имиџот на македонското здравство актуелната власт многу работеше и во опозиција, креирајќи лажни вести и потенцирајќи случаи како оној на малата Тамара, кои подоцна испаднаа личен хир на родителот.

Опозицијата запраша: Дали Филипче сака свесно на јавноста да и презентира помал број заболени?

Опозицијата со причина се запраша на што се должи огромната разлика. Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ преку својот ФБ профил отвори редица прашања:

Во текот на последните неколку дена за жал сме сведоци на раст на бројот на заболени од коронавирусот. Но бројката која што ја објавуваат надлежните е далеку помала од бројката на лица кои се тестирани позитивни на вирусот.

Имено само во текот на вчерашниот ден во Систина кај 54 пациенти е покажано присуство на коронавирусот. Веднаш откако излезе оваа бројка, Филипче реагираше дека сите кои што се тестираат во приватните болници и ќе се покажат позитивни на вирусот, ќе мора да се тестираат и во јавното здравство.

Што сака Филипче да сокрие!?

Дали министерот свесно сака да и презентира на јавноста бројка помала од реалната и да манипулира со граѓаните!?

Зошто тестови на приватните болници за коронавирусот мерат повеќе од тие на Филипче е прашањето?

Дали намерно се крие бројот на заболени?

Кој ќе сноси одговорност за ваквиот неодговорен пристап? – запраша Стојановски.

Здравствен парадокс: Разлика во цена на тестови и резултати – „Многу повеќе музика за помалку пари“?

На страна ефикасноста на самите тестови на Аџибадем Систина, тука е и разликата во цената на тестот. За ФЗО, односно граѓаните кои со свои пари го полнат Фондот, еден тест чини околу 4.900 денари, а во приватната клиника го добивате за 1.200 денари (иако лични средства) но со далеку подобар третман?!

Уште поалармантно е што 25 лица се детектирани со коронавирус на драстично поголем број испитаници од приерокот на Систина. Ова отвора уште едно логично и неминовно прашање, дали бизнисите на власта имаат улога во квалитетот на тестовите?

Власта преку МЗ вчера се правдаше дека се работело за сосема поинакви тестови.

„Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус.

За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството“ се правдаа од МЗ.

Од Владата не појаснија, дали до сега се случило позитивен граѓанин на КОВИД -19 од Систина или Филип втори, да бидат негативни на тестовите на Јавното здравство и чуму оваа недоверба во приватните клиники. Во превод – доколку тест во приватна клиника покаже дека сте позитивен, морате да се тестирате и во Јавно здравство за да го „докажете“ истото.

Оваа небулоза доведува до два проблема – заразениот, потврден во приватна клиника треба да чека термин за да го потврди веќе докажаното и при тоа губи драгоцено време во третманот на болеста и заразата.

Истовремено, веќе детектираниот заразен со КОВИД-19, во онака големата турканица и немање термини, зема место за тест на друг пациент кој можеби е заразен со коронавирус, правејќи дупла штета и оневозможувајќи го побрзото детектирање на носителот на вирусот, овозможувајќи паралелно тој да зарази уше многу други лица.

 

 

 

 

Најнови вести

Коронавирус