петок, 14. мај 2021. Вести денес: 33
home Вести

Алармантна ситуација на инфективните одделенија во Македонија: Бројката на хоспитализирани близу 1.800 пациенти!

Алармантна ситуација на инфективните одделенија во Македонија: Бројката на хоспитализирани близу 1.800 пациенти!
МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1043 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациент, во Велес се лекуваат 106 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 125 во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 94 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 31, Кавадарци 63, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1768 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Коронавирус