четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Алаѓозовски со милион денари ќе го субвенционира шарениот активист Гелевски

Алаѓозовски со милион денари ќе го субвенционира шарениот активист Гелевски

Реакциите на годинишните Национални програми за култура секогаш предизвикувале реакоции, и од оние кои не добиле поддршка за своите проекти, како и од хроничното незадоволство од обемот на доделените пари, но без дилема немало поскандалозна распределба на средствата за култура за оваа 2018 година, изработена во ресорот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, со кои се финансираат проекти кои ниту се од национален интерес, ниту го поткреваат нивото на култура и во прв ред претставуваат исплата на „минат труд“ на партиските првоборци на актулната владејачка структура.

Колку и да се прават обиди да се релативизираат критиките за годинешната распределба на буџетските (!) средства за поддршка на македонската култура, не може да е дека нивната намена е првенствено да за задоволат апетитие на партиските активисти, исплата на долговите кон шарените ревоулционер да се а се релативизираат критиките

Најеклатантен во низата вакви примери е случајот кога Комисијата за издавачка дејност и литература за „шарениот револуционер“ Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на интернет порталот „Окно“, за порталот одобрила 350.000 денари и, за истиот Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Темплум“ одобрила 8 проекти и сума од 760.000 денари. И се би било во ред доколку два од овие осум наслови „Имагинарни животи“ од Марсел Швоб и „Морковче“ од Жил Ренар, поддржани со по 50.000 денари, Министерството за култура веќе еднаш не ги поддржало во 2008 година, односно во владата на ВМРО-ДПМНЕ којашто „Коља Мрак“ ја рушеше.

Се разбира дека ваквиот потег на Комисијата не доаѓа од неинформираноста на нејзините членови дека Гелевски веќе добил поддршка за споменатите наслови, туку од обврската да биде исплатен хистеричниот врескач и оспорувач на она што претходната влада го поддржуваше во културата.

Сличен скандал се повторува и со самиот министер за култура Роберт Алаѓозовски, кој ја потпиша Годишна програма за издаваштво и литература во која со 120.000 денари е поддржан насловот „Завивањето на волкот“ од Аг Аполон, книга која веќе еднаш е поддржана во програмата на Министерството за култура за 2015 година и тоа издадена од издавачката куќа „Готен“, чиј сопственик е токму министерот Роберт Алаѓозовски!

Коронавирус