среда, 8. декември 2021. Вести денес: 108
home Вести

Активни пожари и нови жаришта, на кои места во Македонија гори во моментов?

Активни пожари и нови жаришта, на кои места во Македонија гори во моментов?

Пожарот во Делчевско е активен и се појавиле нови жаришта, кај с. Разловци и с. Нов Истевник. Се преземаат активности за надминување на состојбата, утринава информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму нагласуваат дека според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола, а во текот на денов ќе се догасува на ризичните места.

“Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје интервенираат на гасење на мешана шума во с. Раовиќ, Општина Сарај, а интервенираат и на запалена дабова шума во с. Дивље и местото викано Крушје во Општина Петровец. Овој пожар беше и кај с. Џидимирци, Општина.Велес, каде е локализиран”, соопшти ЦУК.

Во Општина Прилеп, според ЦУК, пожарот кај селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале од ТППЕ Прилеп, Затвор Прилеп, ДЗС Прилеп и Битола, Армијата, Шумско Прилеп и од ТППЕ Прилеп.

Пожар има и во селата Жељувино и Дренок во Општина Старо Нагоричане. Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане, ТППЕ Куманово, ШС Куманово и месното население, а на местото засега нема оган и пламен, има само дим.

Најнови вести

Коронавирус