сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 123
home Вести

Активни неколку пожари ширум Македонија, на овие места огнот е ставен под контрола

Активни неколку пожари ширум Македонија, на овие места огнот е ставен под контрола

На потегот помеѓу селата Барово и Вешје избувнат е пожар на мешовита (нико и високо стеблеста)  шума. Станува збор за непристапен терен. Во моментот интервенираат 2 теренски возила и 1 цистерна на ТППЕ Неготино со 6 пожарникари, 4 цивилни лица волонтери, 1 теренско возило и  4 пожарникари од ТППЕ Кавадарци како и 1 теренско возило и 5 вработени од шумско стопанство Демир Капија.

По барање на градоначалникот на Општина Демир Капија ангажирани се и 2 армиски хеликоптери (1 хеликоптер на АРСМ  и 1 хеликоптер на Р.Црна Гора), информираат од ЦУК.

Пожарот кај с.Раовиќ, во општина Сарај е се уште активен. Повторно на 3-4 места се забележува чадење на самиот срт и под сртот на планината Осој.

Пожарот кај с.Дивље и с.Крушје е под контрола. На одредени места се забележува чадење.

Пожарот што избувна во текот на утринските часови на м.в. Градишче атар на с.Владимирово, е изгаснат. Опожарена е мала површина на мешана шума  и сува трева. На терен заради контрола останата е екипа на ШС Малешево од Берово со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени.

Пожарот на  градска депонија – Виница во м.в.Лесковски пат е локализиран, но  не и целосно ликвидиран. Во текот на денешниот ден ЈП Солидарност – Виница врши покривање со земја на самата депонија.

Пожарот кој избува помеѓу селата Матејче и Виштица  каде гори сува трева и грмушки е ставен под контрола. Интервенираат 3 пожарникари со 1 ПП возило.

Појава на пожар на отворен простор има и во атар на с. Отља кон с.Матејче. Во гасење на овој пожар се вклучени 3 пожарникари со 1 ПП возило, 4 полицајци од ПС Матејче и 30 граѓани од с.Отља.  Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.

Коронавирус