среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 97
home Вести

Активни 20.313 случаи со Ковид-19 во земјава, дневно по 20-тина починати

Активни 20.313 случаи со Ковид-19 во земјава, дневно по 20-тина починати

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава изнесува 20313 од кои најголем број 11553 се во Скопје. Иако според податоците за состојбата со вирусот, бројот на новодијагностицирани се намалува и расте бројот на оздравени, сепак дневно се регистрираат по 20-тина починати.

Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни лица, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Според министерот за здравство Венко Филипче, борбата со ковид кризата ќе продолжи и на почетокот на следната година иако сега тендециите се такви да бројките укажуваат на тоа дека епидемијата на некој начин спласнува, помалку пациенти во болниците, повеќе термини за тестирање, се повеќе слободни болнички кревети, дури некои одделенија ќе се вратат во стариот претходен нормален режим на работа.

Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на Министерството за здравство подготви еден оддел кој ќе биде наменет за пациенти за пост ковид рехабилитација.

Пациентите кои биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од инфективните одделенија, но се уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста, можат да се јават на преглед во Институтот преку „Мој термин“, но и преку амбулантите во установата, со цел да бидат упатени за понатамошна амбулантска или болничка рехабилитација.

Најнови вести

Коронавирус