понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Активистка на ДУИ предупредува на протести против партијата на Али Ахмети

Активистка на ДУИ предупредува на протести против партијата на Али Ахмети

Една од најмоќните жени во ДУИ, Елита Маша, го искажа своето незадоволство од нејзината партија поради незастапеноста на жените во извршната власт, пренесува Алмакос.

„Колку е само среќна мојата партија ДУИ што јас не сум на чело на форумот на жени. Сега или ќе имавме жени во извршната власт на сите нивоа или би имале добро организирани протести пред седиштето на партијата. Дали знаете зошто? Бидејќи како мене, има многу кои преживуваат дури и без партијата, а родовата кауза им е пред сè. # Жените не се само декор кои се злоупотребува за кампањи. # СТОП ЗА РОДОВАТА СТИГМАТИЗАЦИЈА”- пишува Елита Маша на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа додава дека „Каде нема жени, нема иднина!“, со ова таа можеби уште повеќе ги покажува сомневањата за големите превирања во рамките на ДУИ и неприфаќањето на кадри за владиниот кабинет од базата.

За Маша се шпекулираше дека ќе раководи со некоја моќна дирекција како кадар на ДУИ, но и покрај обидите Алмакос не успеа да ги потврди овие информации од неа лично.

Инаку, Маша е соработник на Али Ахмети и е една од жените претприемачи со меѓународен успех.

Коронавирус