сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Активистите и функционери на СДСМ од Бутел: Вие пратеници кои го изгласавте законот за јазици сте предавници!

Јовановски во коментар објаснува дека за него љубовта спрема СДСМ е далеку помала од љубовта кон татковината Македонија, кој кажува дека тука нема простор за дебата!
Активистите и функционери на СДСМ од Бутел: Вие пратеници кои го изгласавте законот за јазици сте предавници!

Мартин Јовановски, поранешен потпретседател на СДММ во ОО на партијата во Бутел и кандидат за Советник од оваа партија на  последните локални избори, на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од погрешните и антидржавни политики на СДСМ.

Мартин Јовановски на својот Фејсбук профил му дава  поддршка на претседателот Иванов да стави вето на Законот за јазици. Јовановски пратениците од  СДСМ кои го изгласаа законот за двојазичност  ги нарекува предавници.

 

Антидржавните политики кои ги води Зоран Заев, ги натера функционерите и активисти од негови редови јавно да изразат револт и гнев кон човекот за кого гласаа. Како што се остваруваат работите за кои Заев велеше дека се измислици, а сега тие стануваат реалност од која незадоволни се и оние кои најгласно го поддржуваа.

СДСМ пука по сите шевови, поради лагите и багажот на нивниот лидер, во кој веруваа и самите, а сега сфаќаат дека се измамени.

По ставот на Мартин Јовановски на Фејсбук, Мерал Груби го споделила неговиот пост со свој коментар.

Потоа што се развива дебата на социјалната мрежа и расправа помеѓу членовите на СДСМ, со погрдни коментари против оние кои се освестија и сфатија дека се загрозени интересите на државата.

Јовановски во коментар објаснува дека за него љубовта спрема СДСМ е далеку помала од љубовта кон татковината Македонија, кој кажува дека тука нема простор за дебата!

 

Коронавирус