петок, 7. мај 2021. Вести денес: 149
home Вести

Активисти и функционери на СДСМ секојдневно се оградуваат од антидржавните политики на Заев

Активисти и функционери на СДСМ секојдневно се оградуваат од антидржавните политики на Заев

Од ден во ден расте незадоволството помеѓу граѓаните од антидржавните политики на СДСМ.

Последен во низата е поранешниот кандидат за пратеник од дијаспората на Социјал Демократскиот Сојуз, Зоран Ивановски кој на социјалните мрежи секојдневно го искажува своето незадоволството од владеачката СДСМ на чија пратеничка листа се наоѓаше пред само една година. Критиките кон политиките на СДСМ пристигнуваат од сите страни за сите сфери дури и од најистакнатите подржувачи, активисти и функционери на СДСМ.

Тој во еден свој фејсбук статус кон Зоран Заев се обраќа со Јуда и вели ,, Јуда од Муртино брзо ќе побара епидурал.’’. Во постот ја споделува и изјавата на Мирјана Најчевска каде таа вели „Морам да признаам јас лично бев против донесување на еден ваков закон‘’.

На фејсбук Ивановски ја споменува и Тиранската платформа и саркастично вели ,, Инаку немаше Тиранска платформа’’, за во истиот пост да сподели линк од Еди Рама каде тој вели „ние сме заслужни за официјализирање на албанскиот јазик во Македонија“.

Имено поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ не е прв пат Заев да го споредува со Јуда, во пост каде ја споделува изјавата на професорот Тони Денкоски за проблемот со името инаку маж на Рената Дескоса сегашна министерка за образование, тој вели ,, Ова е веќе првиот круг околу Јуда од Муртино кој негодува за распродажбата на Македонија. Нема добро да заврши за некои ова предавство’’.

Критиките за владата на СДСМ не завршуваат со Заев, тој не ретко го споменува и министерот за надворешни за кого вели ,, Овај како трудна плавуша:- Се плашам децата да не не се мои!’’.

Коронавирус