сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 6
home Вести

Активист на ВМРО-ДПМНЕ цел на закани за физички пресметки

Активист на ВМРО-ДПМНЕ цел на закани за физички пресметки

Млад активист на ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време преку социјалните мрежи е цел на вербални закани за физички пресметки.

Тој со свое сведоштво преку социјалните мрежи го пренесува своето несакано искуство во јавност а неговата реакција беше доставена и до нашиот портал со барање од негова страна истата да биде објавена на нашиот портал поради алармирање на јавноста.

Неговото соопштение објавено јавно преку социјалните мрежи го пренесуваме во целост во продолжение:

“После долго време размислување дали да објавам за мојот случај, сепак се одлучив јавно да проговорам.
Во последно време многу сум напаѓан на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм од страна на непознати профили.

Се започна на социјалната мрежа Инстаграм, прво почнав да добивам закани во приватни пораки, а потоа се осудија и во јавни коментари…

После некое време профилот на Инстаграм ми беше избришан, а предходно исто така бев пријавуван зошто сум пишувал и зошто сум објавувал за МАКЕДОНИЈА и ВМРО-ДПМНЕ.

Не помина малку време се префрлија на мојот Фејсбук профил од кој подоцна беше хакиран и избришан.

Бев приморан да направам нови профили на Фејсбук и Инстаграм, но како што гледам сеуште не запираат со закани по живот и лична физичка пресметка со мене…

Гледам дека на некојси во последно време сум им трн во око, па си мислат дека ако ми ги пријават профилите и ме повикуваат на физичка пресметка дека ќе престанам да пишувам за МАКЕДОНИЈА и за ВМРО-ДПМНЕ.

Едно да им е јасно на тие што ми ги пријавуваат профилите и што јавно ми се закануваат, јас не се плашам и нема да се исплашам од никакви закани и ќе продолжам јавно да пишувам за МАКЕДОНИЈА и ВМРО-ДПМНЕ.

Колку што сакате барајте да имате физичка пресметка со мене, но јас нема да паднам на ваше ниво и ќе ја решиме на поинаков начин што ќе нема да знаете што ви се десило и од каде ќе добиете црвен картон еднаш – засекогаш.

Ако мислевте дека пред избори ќе ме заплашувате, гадно сте се излажале.

Изгледа вие не знаете со кого си имате фатено работа па си земате за право јавно да ме заплашувате.

Јас знам дека имам непријатели кои што сакаат да ме уништат, упропастат и оцрнат пред ВМРО-ДПМНЕ и

Претседателот Hristijan Mickoski.

Но уште еднаш ќе ви повторам

НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ И НЕ МОЖЕТЕ СО НИШТО ДА МЕ ЗАПЛАШИТЕ ❗❗❗

Јас не сум како некои што се превртливи со две членски книшки па од каде што ќе дувне ветар од таму.

Едно да ви стане јасно, јас сум горд Македонец и верен на својата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Јас работам за партијата и ќе продолжам да работам и да придонесувам за појако, посилно и победничко

ВМРО-ДПМНЕ, а тие што мислат спротивно од ова и што работат на двојна политика за да ја дораспарчат Македонија и ВМРО-ДПМНЕ гадно се излажале…

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НЕКОЈ ШТО Е СО ДВЕ ЧЛЕНСКИ КНИШКИ И ШТО ТЕРА ДВОЈНА ПОЛИТИКА ДА УПРАВУВА СО МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !

СЕГА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ ЗА ТОА ЗА КОГО ЌЕ ГО ДАДЕМЕ ВИСТИНСКИОТ ГЛАС ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА ❗

ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ ✊

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ✊”

Стои во соопштението упатено преку социјалните мрежи кое беше доставено до Брегалнички.мк.

Имињата на профилите на социјалните мрежи од каде се упатени заканите како и името на лицето кое што е предмет на физички закани, со намера не ги објавуваме во јавност, за да не дојде до несакани последици и дополнителни проблеми.

Апелираме со овој случај да се позанимаваат надлежните органи се со цел да не дојде до несакани последици.

ИЗВОР: БРЕГАЛНИЧКИ.МК

Коронавирус