четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 88
home Вести

Активист на македонското движење во Австралија, Јако Томов со повик до граѓаните: За доброто на Македонија на 17-ти гласајте за ВМРО-ДПМНЕ

Активист на македонското движење во Австралија, Јако Томов со повик до граѓаните: За доброто на Македонија на 17-ти гласајте за ВМРО-ДПМНЕ

Македонското движење во дијаспората со повик до граѓаните во Македонија на 17ти октомври да излезат и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ за посветла демократска и економска иднина на сите Македонци и за суверенитетот на Република Македонија.

Во продолжение интегрален текс од соопштението на Македонското движење во дијаспората:

Споделете го овој оглас од дијаспората, на своите пријатели и роднини, кои ја сакаат својата Македонија, специјално вие македонски интелектуалци, патриоти и подржувачи на македонската кауза и на македонизмот, на кои ви го праќам овој важен предлог за македонската иднина.

Гласајте за ВМРО – ДДПНЕ за посветла демократска и економска иднина на сите Македонци и за суверенитетот на Република Македонија.

Под водството на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ги воспостави основните контакти со Македонското движење од иселеништвото.

Македонскиот народ сака да остане во својата родна Македонија, а поединци побогати бизмисмени, од иселеништвото и со нив поголем број чесни Македонци, претседателот Мицкоски, со своето раководство на ВМРО-ДПМНЕ и чесниот македонски народ, таквите македонски патриоти, ќе ги прими се срдно и пријателски, за обнова на Македонија и македонскиот идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ, ќе ги отстранат сите пропусти и криминални последици, што социјалистите на коалиционата влада на СДСМ, раководена од антимакедонците ги направија во нивното владеење, во последните години на Република Македонија.

Тие наши душмани СДСМ-овци, го сменија уставното име, а со тоа пробаа да го уништат македонскиот идентитет, македонската сувереност, македонскиот јазик, македонска култура,македонската историја, православната вера и сите македонски традиционални својства!?

Со помош на сите Македонци од Македонија, со чесните етички сограѓани, како Албанци, Власи, Срби, Бошњаци и други нациооналности, кои живеат во Република Македонија, македонските организации во иселеништвото и од етничките делови на Македонија, кои се под окупација на соседите на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, на овие локални избори, ќе ги зајакне своите позиции. со тоа, на наредните парламентарни избори, има голема можност, да го поврати своето рководење со Владата, Собранието и институциите, анулирајки ги сите погрешни договори со антимакедонските политичари на Бугарија и Грција.

Да живее Македонија и македонскиот народ, да живее ВМРО-ДПМНЕ и чесните жители на Република Македонија, од сите други националности.

Гласајте за ВМРО-ДПМНЕ…, стои во испратеното соопштение од страна на Јако Томов од „Македонското движење во дијаспората“.

Коронавирус