петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Актерот Едмонт Сотир до Министерството за култура: Годишната програма, лански расол- не сакате ли да се провира македонската култура?

Актерот Едмонт Сотир до Министерството за култура: Годишната програма, лански расол- не сакате ли да се провира македонската култура?

Актерот вработен во Театар Комедија и директорот на македонското културно лето во Албанија Едмонд Сотир на својот Фејсбук профил сподели статус во врска со годишната програма за култура кој го нарече лански расол.

ГОДИНАШНАТА ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРА, ЛАНСКИ РАСОЛ
ПРЕКУЛТУРЕН ПРИГОВОР

До: -Комисијата за меѓународна соработка,

-министерство за култура на Македонија

Почитувани членови на комисијата, (не знам кои сте и не треба да знам) почитувани надлежни, искрено и срдечно ве поздравувам!
Повикувајќи се на Вашата висока професионалност, одговорност и непристрасност, Ве молам за одговор:
– Како предложениот проект МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020 од национален интерес во културата со програма детално објаснета и образложена по сите ваши правила и прописи добива помалку од 7,5% од бараните, потребни средства за реализација?
– Како предложениот проект комплетиран со сите потребни, основни и дополнителни услови и документи и со потпишани договори за гостување со 12 национални театри, да се реализира со средства доволни за само еден театар? (Може да споредите со средствата што вие ги одобрувате за гостување на еден, било кој театар во сосетството).
– Ако проектот е несоодветен, нереален, некомлетен или не е од национален интерес, – зошто воопшто го поддржувате?
– Ако пак е соодветен, комлетен, од национален интерес и сериозен,- зошто не го поддржувате соодветно и сериозно како што заслужува? Ако нема доволно средства, зошто е отворен повикот?
– Зошто, (според непишана ваша пракса, за жал наше искуство) одобрените средства се исти или приближни до ланските и така години наназад?
И природно му доаѓа прашањето – Зошто постои комисијата ако само ги препишува ланските суми и одлуки?
Зошто?… Можеме само да претпоставуваме.
Можеби не сакате фестивал како МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО!?
Можеби не сакате да се промовира македонската култура?!
Можеби не сакате затоа што се одржува кај вашите сонародници во Пустец,
Албанија?!
Можеби не сакате културна соработка со Албанија?!
Можеби не го сакате раководителот на фестивалот?!
Можеби не сакате култура?! Можеби …?!
Ова
не е прв приговор, но од дното на душата се молам да е последен.
Искрено, се уште имам надеж во министерот кај кого и јавно барам прием.
Доктор е, а само доктор може да ја извлечи и излечи култура од смртна постела!
На крај, на сите што си ја вршат работата професионално и одговорно:
Простете. Од плевелот во полето на културата, не ги гледам цвеќињата. Простете!
Македонско културно лето 2020
Едмонд Сотир, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус