Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница на седницата за ребалансот на буџетот говорејќи за кратењата во културата остро истакна пред пратениците од власта дека ако се кратат парите од културата како ќе се развиваме како држава.
-Со ребалансот на буџетот владата крати рекордни 182 100 000 денари или 2 960 000 евра наменети за развој и напредување на културата. Проекти од музичко сценска дејност се скратени за 4 милиони денари, додека 6 ипол милиони за аудио-визуелни проекти, промоцијата на македонската култура е намалена за 13 милиони денари. Рекордни 33 милиони денари се скратени од буџетот за заштита на културното наследство, посочи Јовановски.
Тој вели трендот на врапантно сечење на буџетите, најдрастично се отсликува во делот на инвестициите на капиталните расходи кои во буџетот беа наменети за театар во Струмица, изградба и санација на објектите во областа на културата. Буџетот за овие проекти е скратен за 120 милиони денари, вели Јовановски.
Јовановски праша што ќе се прави со скопскиот аквадукт кој пропаѓа и покрај ветувањата е оставен заборавен во времето, како и ред на стотици проекти кои требаше да се реализираат а за кои владата сега ги крати финансиите за истите.