недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 25
home Вести

Ако сакате да донирате за Грците погодени од катастрофалните пожари, еве како може да помогнете!

Ако сакате да донирате за Грците погодени од катастрофалните пожари, еве како може да помогнете!

Поради големата поддршка, интерес и солидарност од внатрешноста, но и на меѓународно ниво, грчката Влада отвори специјална банкарска сметка во Банката на Грција, за донации од странство за погодените во катастрофалните пожари.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за сите оние кои што сакаат да донираат, бројот на сметката е:

23/2341195169
IBAN GR4601000230000002341195169

– На оваа сметка, ќе имаат можност да донираат странски држави, компании, но и граѓани од Грција и странство, соопшти грчката Влада, објаснувајќи дека целта е обнова на погодените области и на јавната инфраструктура, како и санирање на штетите.

Со сметката ќе управува тричлена комисија составене од претседателот на Парламентот и министрите за инфраструктура и транспорт и за финансии.

Државата партиципира со 20 милиони евра од Заводот за вработување, Министерството за финансии со 10 милиони, а со исто толку и грчкиот парламент. (МИА)

Коронавирус