среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Ако на премиерот му паѓа тешко од лажните вести, тогаш на родителите на децата убиени кај Смилковско езеро уште потешко им паѓаат лагите на Заев“

„Ако на премиерот му паѓа тешко од лажните вести, тогаш на родителите на децата убиени кај Смилковско езеро уште потешко им паѓаат лагите на Заев“

Навистина веќе никој не верува дека било што добро може да направи оваа власт. Исто како што народот не им верува кога премиерот ќе каже дека тешко му паѓало кога ќе видел лажна вест. Замислете, ова доаѓа од човек кој принцот на лагите, човек кој е главен извор на лажни вести во Македонија, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека ако одевме по сите лажни вести кои се кажани од овој човек денес сеуште требаше да веруваме дека Македонија веќе една година има датум за преговори зошто според Заев уште минатата есен се славеше тој датум за преговори за кој еве уште се мачиме да го добиеме.

-Денес требаше сите да имаат 500 евра плата, а редици се редат за вработување во Гугл и Фејбук. А ако на премиерот Зоран Заев му паѓа вистински тешко од лажните вести, тогаш сигурен сум дека на родителите на децата убиени кај Смилковското езеро уште потешко им паѓаат лагите кои Заев им ги кажуваше, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.