четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

„Ако има многу новозаразени“: Што прејудицира Комисијата за здравство на Филипче?

Дали вака со зборовите „ и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени“, Комисијата на Филипче се правда што, макар прерано, оди во прилог на Заевото барање за избори на 21 јуни и се „пере“ што ќе ги отвориме границите, надевајќи се дека летово нема да има наплив на странци носители на коронавирус?
„Ако има многу новозаразени“: Што прејудицира Комисијата за здравство на Филипче?

 

„И покрај тоа што границите ќе се отворат, Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени“, ова е последната реченица во извештајот на Комисијата за здравство на Венко Филипче, која ја пренесе националната агенција која некогаш беше македонска.

Што со овие зборови прејудицира Комисијата која треба да се грижи за здравјето на македонските граѓани?

Првата опција е дека и по отворањето на границите на 1.јуни ќе имаме високо ниво на заразени, наспроти оваа нарачка на Заев и СДСМ за ставање розови очила за избори на 21 јуни, мерка со која му одат во пресрет и на Ахмети, за да го одоброволат во нездравата идеја за избори среде корона и кому насушно му треба албанската дијаспора од Европа . Дали Комисијата со ова признава дека и на 1-ви јуни, како и на 21, состојбата со КОВИД-19 ќе биде алармантна?

Втората опција е евтино оправдување за отворањето ан границите, градинките, кафаните и укинувањето нa пoлицискиот час кој е во најава. Дали вака со зборовите „ и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени“, Комисијата на Филипче се правда што ќе ги отвори границите, надевајќи се дека летово нема да има наплив на странци носители на коронавирус?

Останува самата Комисија на Филипче да објасни што сакаже да каже со небулозната констатација, додека Владата денеска ќе решава за овој чин и оценка, во време кога секојдневно просекот на заразени наспрема тестирани е константен и се движи околу 10% од испитаниците.

Парламентарни избори 2020