понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 75
home Вести

Ако до 31 август родителите не достават потврда дека детето ги има примено сите вакцини нема да биде запишано во училиште

Ако до 31 август родителите не достават потврда дека детето ги има примено сите вакцини нема да биде запишано во училиште

Ако до 31 август родителите не достават потврда дека детето ги има примено сите вакцини нема да биде запишано во училиште. Вакво потсетување до родителите испраќаат основните училишта на десетина дена до стартот на учебната година иако во мај на идните првачиња им биле примени документите.

Од Министерството за образование остануваат на ставот согласно одлуката на Владата без уреден вакцинален статус да нема уписи. Засега немаат точна бројка колку невакцинирани првачиња не се запишани во училиште.

-Прецизни податоци за бројот на поднесени документи и запишани ученици во училиштата ќе имаме во следните неколку денови, откако сите општини ќе достават детални извештаи по однос на ова прашање, по што ќе бидат познати и следните чекори, односно мерки кои ќе ги преземеме во координација со останатите надлежни институции, велат од МОН.

Според податоците од Институтот за јавно здравје иако од почетокот на епидемијата на мали сипаници вакцинирани се над 35.000 лица до 14 години, сепак МРП немаат примено уште 8.600 деца, поголем дел се ученици.

ИЗВОР: СИТЕЛ.МК