петок, 6. декември 2019. Вести денес: 97
home Вести

Акциска контрола на МВР: Фрчеле казни за возачите

Акциска контрола на МВР: Фрчеле казни за возачите

Вкупно 55 возачи во Скопје ја пречекориле брзината во населено место и преземени се мерки против нив. Откриени се и 22 останати прекршоци за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.

Ова го покажале резултатите од зајакнатата акциска контрола на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, спроведена изминатото деноноќие, од 6 до 24 часот.

Како што соопшти денеска МВР, акциската контрола е за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.