среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 105
home Вести

Акција на КАРИЛ: Медицинска сестра фатила вработен на Клиниката како зема мито и била физички нападната

Акција на КАРИЛ: Медицинска сестра фатила вработен на Клиниката како зема мито и била физички нападната

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување деновиве медицинско лице сведочело на момент во кој колега, вработен во Болницата зема мито, дознава Курир од свои извори. Митото го земале од роднини на починат пациент на Одделот за интензивна нега. Лице од Клиниката земал пари за да им заврши вообичаени работи што се во опис на работното место, а роднините за останатите услуги за погребот ангажирале фирма.

-Станува збор за крајно невообичаена ситуација зошто се се претвори во судир и физичка пресметка помеѓу вработени. Често роднините знаат да замолат за некоја ситна работа, но вработените знаат да негодуваат се со цел да им биде понудена некоја сума. Овој случај резултираше со пресметка со вработената и затоа беше повикана и полицијата, вели нашиот извор.

Од Клиниката официјално не коментираат, вработените пак велат дека едноставно не сакаат да коментираат нешто од што не биле дел. Целиот случај беше документиран само со неколку збора во дневен билтен.

Вработени во Кампусот клиники Мајка Тереза гневно реагираат дека не може да се премолчуваат вакви работи.

-Доколку премолчуваме вака ќе не тепаат и пациенти, а еве веќе гледаме и случаи на меѓусебни пресметки. Но, исплашени сме за работата, коментира вработен во Кампусот.

Коронавирус