вторник, 20. август 2019. Вести денес: 88
home Вести

Академик Павловски до Заев: Би морал да се засрамиш, зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот?

Академик Павловски до Заев: Би морал да се засрамиш, зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот?

Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за грчката телевизија Алфа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Меѓу нив е и академикот Божин Павловски кој му порачува на премиерот дека мора да се засрами.

-Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам, истакнува Павловски.