недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

Академик Коцарев: Дали со Спогодбата од Преспа е доведен во прашање суверенитетот на нашата држава?

Академик Коцарев: Дали со Спогодбата од Преспа е доведен во прашање суверенитетот на нашата држава?

Во 2021 година, неопходно е МАНУ да организира научна расправа за Спогодбата од Преспа 2018, на која научно и аргументирано ќе се зборува за нејзиното значење и импликациите врз иднината на Македонија, вели претседателот нја МАНУ, академик Љупчо Коцарев во интервју со Љупчо Цветановски во емисијата „Што не е јасно“.

„Сведоци сме дека, многу брзо, Спогодбата од Преспа прерасна во извор на регионална дестабилизација, за што мора да се проговори отворено и со научни аргументи. За Спогодбата од Преспа веќе сум пишувал и говорел на ТВ алфа. Ако за некои мислители не е спорен македонскиот идентитет и македонската етничка припадност, дали Спогодбата од Преспа (веќе) доведе до истребување, лишување на македонската националност? Дали со Спогодбата е доведен во прашање суверенитетот на нашата држава? Ова се само мал дел од прашањата за коишто МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа, водејќи сметка за достоинственото на сите, вклучувајќи ги и Македонците,“ посочува академик Коцарев кој цени и дека настаните кои
следуваа се поврзани со претходните дејанија и договори. „Агресивниот пристап на Бугарија и подготвениот (позитивен) одговор на Македонија, значеше само едно – распадот на Македонија веќе беше договорен. Признавањето дека македонскиот јазик (и со тоа и македонскиот идентитет), во спротивност за целокупната славистичка наука, постои само до 1945 всушност значеше дека, по определен период, македонското име ќе загине.

Во тоа светло бришењето на предметот историја од основното образование, а се со цел да се „извлечеме максималниот потенцијал од секој ученик, а со тоа понатаму“, да се „употребиме тој максимален потенцијал во општеството“ има друг контекст. Дали ова ќе помогне, дали реакцијата на МАНУ воопшто ќе вроди со некаков плод? Не сум сигурен, искрено, мислам НЕ, но да видиме.

Има една убава песна од Блаже Конески: Рика во мене маката дека сум роден во смачкано племе. За жал, никој не избира кога и каде ќе се роди. Но, од друга страна, за среќа, тоа, не не’ ослободува од одговорноста. Дури и во распадната Македонија.
Ова мое денешно обраќање ќе го завршам користејќи ги стиховите од една преубава песна од Конески. Се чини дека во Македонија, поради случувањата во последните десетина години, дојде време Стерната, таа страшна подземна вода, со помош на аргументите на науката, достоинствено „да се успокои во ширината“, вели во интервјуто за Алфа претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Коронавирус