вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

Академик Ќулавкова: Законот за јазици излегува од рамката на Уставот, Рамковниот договор и ЕУ повелбата за регионални и малцински јазици

-Наместо да финансира врвна наука, врвно образование, врвна култура, врвни егзистенцијални стандарди тој покажува дека вулгарниот политички прагматизам е помоќен од сè друго, ја загрозува слободата на говорот/мислењето, манипулира со демократските процедури, вели академик Катица Ќулафкова за законот за јазиците.
Академик Ќулавкова: Законот за јазици излегува од рамката на Уставот, Рамковниот договор и ЕУ повелбата за регионални и малцински јазици

– Овој закон излегува целосно од сферата на јазичните права на малите заедници и агресивно удира/ги оштетува стекнатите права на етничките Македонци и на сите лојални граѓани на Република Македонија, ги пробива уставните начела и Охридскиот рамковен договор, излегува од рамките на ЕУ повелбата за регионални и малцински јазици, го крши вековниот принцип на „заеднички службен/работен јазик на разбирање“ (lingua franca) својствен за мултијазичните империи и општества, ја доведува во прашање меѓуетничката хармонија, воведува владеење на неправичноста и неправдата во Македонија, потенцира членот на МАНУ, академик Ќулавкова.

Таа вели дека законот го разгорува внатремакедонскиот судир, создава неприфатлива хиерархија на стратешки приоритети.

-Наместо да финансира врвна наука, врвно образование, врвна култура, врвни егзистенцијални стандарди тој покажува дека вулгарниот политички прагматизам е помоќен од сè друго, ја загрозува слободата на говорот/мислењето, манипулира со демократските процедури, вели академик Катица Ќулафкова за законот за јазиците.

Таа додава дека законот ги делегитимира Македонците да имаат право на граѓанска држава со национален белег (јазик, народ, според параметрите на ОН), протежира начело на позитивна дискриминација, иницира репресивна практика во сферата на јазикот и културата, поттикнува законска конфузија и хаос, на голема врата воведува нееконоимично/недомаќинско работење на институциите на државата, го доведува во прашање постоењето на било која национална установа во Република Македонија.

Ќулавкова и уште неколку професорки, Силјановска, Каролина Ристова Астеруд, Симона Груевска Маџовска, отворено застанаа против неуставноста на законот за јазици, а поради тоа станаа цел на кампања која против нив ја водат провладини симпатизери и медиуми.

Бранителите на законот за јазици кон професорките упатуваат навреди како синдром на самоуништување, отсуство на почит и свест за стекнатите права, великодушни спрема другите – тирани дома.

Таа за навредите вели дека верува дека странските набљудувачи читаат, толкуваат и не можат да се изначудат на патологијата на македонските коментатори и на истите оние кои 2008 бараа да се стави вето на Законот за јазик на 20% кој се движеше во насока на максимализација на јазичните права на секоја јазична заедница во Република Македонија.

Најнови вести