понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 50
home Вести

Ајтов: Зошто Шекеринска кога знаела дека на Криволак била во контакт со заразено лице од коронавирус не ги презела мерките препорачани од владата

Ајтов: Зошто Шекеринска кога знаела дека на Криволак била во контакт со заразено лице од коронавирус не ги презела мерките препорачани од владата

Би сакал јавно да поставам едно прашање до министерката Радмила Шекеринска дали е вистина дека на 12-ти јуни при една нејзина дневна обврска службена на Криволак тој ден имала контакт со потврдено заразено лице, кое имало симптоми на Ковид-19 и е припадник на АРМ, прашува претседателот на Синдикатот на одбрана и безбедност, Ристо Ајтов во вонредна емисија на Алфа телевизија.

-И сега се поставува прашање, ако тоа е вистина зошто не се почитувале мерките на медицинската фела, препораките на владата, доколку некој граѓанин стапи во контакт со заразено лице за да не ги доведе животите на останатите граѓани таа и понатаму оди на работа и ги извршува секојдневните обврски. Зошто кога таа знаела дека била во контакт со лице заболено од коронавирус не ги презела сите мерки за да ги заштити останатите вработени во АРМ, како и останатите граѓани со кои сега во сред кампања стапува во контакт, вели Ајтов.

Коронавирус