вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ајтов: Иако припадниците на АРМ со дополнителни сили, давајќи се од себе за да успеат да го сочуваат јавното здравје не ги добија ветените 10 илјади денари

Ајтов: Иако припадниците на АРМ со дополнителни сили, давајќи се од себе за да успеат да го сочуваат јавното здравје не ги добија ветените 10 илјади денари

За тоа што припадниците на Македонската армија го имаат сработено последните три месеци во борбата со коронавирусот, не ги добија ветените 10.000 денари. Иако Синдикатот бараше награда за март, април и мај сепак Шекеринска не ги наградила војниците кои своето време го потрошиле екстра во борба против Ковид-19, рече претседателот на Синдикатот на одбрана и безбедност, Ристо Ајтов во вонредна емисија на Алфа телевизија.

-И така е низок стандардот на припадниците на АРМ. Овој пат во време на ваква пандемија и во вакви вонредни услови, кога војниците со дополнителни сили дадоа се од себе за да успеат да го сочуваат јавното здравје, ние како Синдикат побаравме два пати со дописи и со прес конференции до претседателот, како и до министерката, дека е потребно, а и неминовно да се укаже почит за нивниот труд и вонреден ангажман. Таа сума од 10.000 денари не е многу, а сега ги гледаме мерките на владата за невработени, отпуштени од работа и така натаму мерки и до 9 илјади денари, платежни картички, па и за летни одмори. Па прашувам зошто тие мерки не беа задолжителни и за припадниците на АРМ. Зошто оние кои го понесоа најголемиот товар во оваа пандемија, вклучувајќи ги тука и полицијата и докторската фела, не беа наградени, вели Ајтов.

Коронавирус