понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 2
home Вести

Ајтов: АРМ десеткована, најмалку 29 припадници на АРМ се заболени од Ковид-19

Ајтов: АРМ десеткована, најмалку 29 припадници на АРМ се заболени од Ковид-19

Претседателот на Синдикатот на одбрана и безбедност, Ристо Ајтов во интервју на Алфа телевизија изјави дека најмалку 29 војници на АРМ се позитивни на коронавирусот.

-И ако земеме в предвид дека Македонската армија е сконцентрирана во пет града во државата, и ако ги поделиме идеално тие луѓе ќе видиме дека секој еден од нив бил во контакт со 50-тина или 100 луѓе. Затоа што единиците се знаете, бројни. Замислете колку тој контакт ја десеткуваше Армијата, затоа што секој оној кој бил во контакт со тоа заразено лице мораше да оди во самоизолација. Значи АРМ е на крајот на силите, и повторно ќе кажам никој не сака ни да им се заблагодари за трудот што го вложиле, туку само ги ставаат на спотови за да ги снимаат за кампањата. А ќе кажам и тоа дека со Закон е забрането припадник на АРМ да биде сниман во спот за политички цели, дециден е Ајтов.

Коронавирус