четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 8
home Вести

Ахмети: Заев да се извини на Албанците за навредата

Ахмети: Заев да се извини на Албанците за навредата

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за „Еуронјус Албанија“ бара извинување од лидерот на СДСМ Зоран Заев, за како што вели, навреда кон Албанците. Тој во интервјуто зборува за можностите за обединување на албанскиот фактор во Македонија по изборите на 15 јули и за можната коалиција со СДСМ.

Запрашан за „навредите“ на Заев кон Албанците , објавени во разговори кои протекоа во јавноста, Ахмети рече дека не се чувствува добро во врска со навредите и дека очекува од Заев да се извини.

– Секако, не се почуствував добро со тие навреди… но мислам дека Заев ќе најде сила да побара извинување од Албанците. Тој направи еден чекор, но не вистинскиот, тој таа навреда ја оправда со тоа што кажа дека наводно мислел на ДУИ, но таа навреда не се однесуваше кон ДУИ, туку директно кон Албанците и мислам дека Заев треба да им се извини на Албанците – рече Ахмети.

На прашањето дали ќе прифати коалиција со СДСМ дури и по навредата, претседателот на ДУИ рече дека „ќе ги замоли своите членови на партијата да му простат ако таа навреда е за ДУИ, а не за Албанците.

– Јас би му простил и би побарал од членовите на ДУИ да простат ( на Заев) ако навредата е за ДУИ, но не е за ДУИ, туку за Албанците како нација. Мислам дека неговите соработници знаат како да го научат дека треба да се извини за да се олесни понатамошната комуникација, ние немаме никаква врска со СДСМ, во неколку наврати изјавив дека би било во наша корист партнерот да победи затоа што направивме многу одлична работа и сѐ уште имаме работа да сториме, а не да ги оставиме работите на половина пат – рече Ахмети.

Во време на кампањата за предвремените парламентарни избори на Јутуб се појави нова аудио снимка на која се слуша како Заев на соговорник му кажува дека Албанците не вредат ни пет банки и дека тие се борат само за пари.

Во врска со „бомбата“ потоа Заев на Фејсбук напиша:

– ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери.

Коронавирус