недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 92
home Вести

Ахмети: Венецијанската комисија ја користевме за да се намалат тензиите и предрасудите кај македонските сограѓани

Ахмети: Венецијанската комисија ја користевме за да се намалат тензиите и предрасудите кај македонските сограѓани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека Законот за употреба на јазиците бил испратен на мислење во Венецијанската комисија само заради намалување на тогашните актуелни тензии што се јавиле кај Македонците.

Според претседателот на владиниот коалиционен партнер, законското решение и тогаш било договорено и никој немал проблеми со истото, односно немало потреба да се се оценува.

-Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани, изјави вчера Ахмети.

Инаку при испраќањето на овој закон во Венецијанската комисија од Владата истакнаа дека во Венеција треба да се провери параграфот од член 8 кој се однесува на униформите, парите и хартиите од вредност, а во меѓувреме комисијата издаде мислење дека неговата имплементација во правосудниот систем би можела да биде нефункционална.

На ова реагираше вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој останува на ставот дека институциите ќе направат се што е потребно за тој целосно да се имплементира.