петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети со одговор до Заев: Ќе ви исчезне насмевката на усните

Ахмети со одговор до Заев: Ќе ви исчезне насмевката на усните

Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција. Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Изборни дебати. Според него, другите не сакаат да ја пратат ДУИ во опозиција но сакаат да ги пратат Албанците во опозиција.

„Не е прашањето ДУИ да се испрати во опозиција, бараат Албанците да ги пратат во опозиција, се уште мислат дека Албанците се дрвосечаци , се уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години“, истакна Али Ахмети.

Изјавата за размена на пратеници на лидерот на СДСМ Зоран Заев со Христијан Мицкоски само и само за да не се прифатат условите на ДУИ за премиер Албанец, Али Ахмети ја смета за опасна и како потпалување оган.

Ф.А.: Ќе имаме две партии од македонскиот блок кои ќе си дадат пратеници една на друга за да формираат влада.

А.А.: И тоа не може да се случи да си дадат едни на други. Тоа не може да се случи бидејќи тоа би значело уништување на хегемонизмот.

Ф.А.: Велите дека е нелегитимно ако ВМРО и СДСМ си разменат пратеници.

А.А.: Не легитимно туку опасно, тоа значи палење оган.

Ахмети во меѓувреме рече дека доколку македонскиот кампус се обедини тогаш блокот албански партии ќе се обедини. Во врска со барањето на медиумите за јавна дебата со лидерите на албанските политички партии, Ахмети рече дека тоа може да се случи тогаш кога албанската опозиција ќе избере свој претставник. За дебатата меѓу кандидатите за премиер, Ахмети смета дека Мицкоски и Заев немаат капацитет да се соочат со албанскиот кандидат за премиер, Насер Зибери.

Коронавирус