вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 38
home Вести

Ахмети: Го ценам дијалогот за потрага по решение

Ахмети: Го ценам дијалогот за потрага по решение

По пет часа заврши лидерската средба во Клубот на пратеници на која се разговараше за спорот со името. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата рече дека ова бил еден од најплодните состаноци за ова прашање.

„Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас. Го ценам дијалогот за потрага по решение. Ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија. Важно е да бидеме дел од НАТО во мир и стабилност”, рече Ахмети.

Тој не откри повеќе детали за состанокот за, како што рече, да не го наруши процесот.

Коронавирус