сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 6
home Вести

Ахмети бара национална согласност помеѓу двете најголеми заедници за спорот со името

Ахмети бара национална согласност помеѓу двете најголеми заедници за спорот со името

Според Али Ахмети посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е добар показател дека може да се постигне компромис за спорот со името до самитот на НАТО во јули годинава.

Ахмети за можните решенија за името вели дека за Албанците во Македонија единствено  се неприфатливи Словенска и Национална Р. Македонија бидејќи Албанците се дел од историјата и културата на државата. Тој потенцира дека покрај политичката мора да има и национална согласност, особено меѓу двете најголеми заедници, Македонците и Албанците.

На прашањето дали оваа влада е посмела од претходната во однос на прашањето за името, тој вели дека добар сигнал за тоа се охрабрувањата кои пристигнуваат од официјални лица од Вашингтон и Брисел како и од Германија, Британија и Франција. Компромисот би можел да се постигне до самитот на НАТО во јули годинава и Македонија би можела да стане членка на Алијансата додаде тој.

Во своето интервју за Алсат, Ахмети потврди дека сериозно се размислува за отстранување  на некои од спомениците од  ,,Скопје 2014’’ како и промена на не имињата на автопатот и аеродромот ,, Александар Велики’’. Со ова Македонија ќе даде сигнал на Грција и меѓународната заедница дека сме цврсто решени да ги надминеме недоразбирањата и отворените прашања со соседите.

Нимиц пред долгоочекуваниот предлог вели дека Терминот Македонија ќе биде содржан во предлог решението за името за грчката ТВ Антена. Во истоименото интервју тој додава оти за Скопје некои од идеите од минатото биле незадоволителни, но дојдено е време за решавање на ова прашање и Македонија да продолжи по својот евроатлански пат.

Доколку се земе во предвид дека во 2008 година единствена причина за блокадата на влезот на Македонија во НАТО беше името, а преовладува оптимизмот дека Македонија ќе стане членка пред самитот на НАТО во јуни, очекувано е решението за името да се случи во наредните неколку месеци.

Коронавирус