четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

Агим Нухиу: Потпишани актите за албански јазик на полициските симболи

Агим Нухиу: Потпишани актите за албански јазик на полициските симболи

Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи, на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на овој му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а оретходно министер беше Оливер Спасовски. Тој беше министер и по изборите во декември 2016 пред да се формира новата Влада.

Коронавирус