петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Агенцијата за национална безбедност политички компромитирана од самиот почеток

Агенцијата за национална безбедност политички компромитирана од самиот почеток

Иако долго се најавуваа структурни реформи во безбедносиот систем, а со посебен акцент на реформата на УБК, се чини дека новоформираната АНБ уште на самиот почеток е политички компромитирана. Уште веднаш во јавноста се појавија информации дека власта се обидува да ја стави оваа агенција под своја контрола и тоа не само заради првиот човек туку и на ниво на кадри.

Големо незадоволство владее со досегашниот начин на избор на новите кадри кои ќе работат во новоформираната Агенција за Национална Безбедност (АНБ), пишуваше весникот КОХА повикувајки се на свои анонимни извори кои не исклучуваат ниту бунт и оставки на досега примените кадри од албанска националност.

Притоа како што информираат извори кои се познавачи на безбедносниот систем, Формалното оценување на работниците во УБК (последно е полугодишно оценување во 2019 година) не е земени во предвид при селекцијата.

Во новата Агенција според информациите вклучени се Јовче Ременски сопругот на високиот партиски функционер во СДСМ Фросина Ременски и уште еден човек од доверба на Оливер Спасовски, кој исто така е близок пријател на Јовче Ременски, активен учесник на протестите „Шарена револуција“, кој е посочуван и како директните спроведувачи на оценувањето според кое е вршено безбеднсоното проверување на кандидатите.

 Ккао што тврдат изворите Во тој процес многу лица кои со години поседувале безбедносен сертификат за пристап и користење на класифицирани информации, имаат добиено негативна оценка по тој основ, а со тоа и негативна безбедносна проверка за превземање во АНБ.  Во таа насока се истакнува и дека повеќе вработени кои никогаш до сега немале безбедносен сертификат поради постоење на реални безбедносни пречки за добивање на истиот, за краток период во необјаснива процедура успеваат да добијат позитивна оценка и се превземаат во АНБ.

Вработените во УБК кои во процесот на селекција не се превземени поради „констатиран“ безбедносен ризик, досега воопшто не се известени за тоа, иако според законот за АНБ селекцијата трае до 20.08.2019, а Агенцијата отпочнува со работа на 01.09.2019, со што им се ускратува правото на приговор и преиспитување на постапката (Согласно членот 189 од Законот за агенција за национална безбедност (1) На работникот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи, за кој со безбедносна проверка, во процесот на селекција од членот 186 од овој закон, ќе се утврди дека постои безбедносен ризик, му се доставува писмено известување со поука дека има право во рок од 48 часа да поднесе барање за преиспитување на постапката за безбедносна проверка. Дополнителен сомнеж дека политички и партиски се обременува АНБ е податокот дека после законскиот рок до кога завршува селекцијата 20.09.2019, се превземени вработени од УБК , надвор од рокот, што не е предвидено во законот за АНБ.

Изворот го проблематизира и фактот дека  иако селектираните веќе имаат потпишано спогодбени решенија за превземање во АНБ, никој нема полагано тест за интегритет, што е еден од основните услови според законот за АНБ.

Коронавирус