четврток, 5. август 2021. Вести денес: 11
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Aгатангел: Левица пpвa yдpи пo цpквaтa, штo им cмeтa ѕвoнoтo кoe двa пaти вo дeнoт биe

Aгатангел: Левица пpвa yдpи пo цpквaтa, штo им cмeтa ѕвoнoтo кoe двa пaти вo дeнoт биe

Во вчерашната емисија “Неделен Брифинг” на Инфомакс, Митрополит Агатангел ја искритикува левичарската партија “Левица”, каде напомена дека тие не се национална партија, тие први удрија по црквата. Државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата.

–Одма рипнаа против црквата. Нека ми простат “Левица”, но тие не се национална партија, тие први удрија против црквата. Тие се млади деца, што им смета црквата и ѕвоното. Не е убаво тоа, тие не се свесни дека црквата е столб на државата, дека државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата, истакна Митрополитот Агатангел.

– Црквата е столбот, црквата е спасението на народот, тоа е бродот кој ќе не спаси. Сите имаат душа, нема човек кој не верува. Ние ја немаме осознаено верата, тоа е тука проблемот кај нас. Зошто ние во времето на комунизмот имавме подобри патриоти? Затоа што сите тие луѓе учеа веронаука. Нивните родители беа побожни, напомена тој.

Коронавирус