сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 34
home Вести

Агатангел: Делчев е апостол кој го осветлува образот на Македонецот, македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт

Агатангел: Делчев е апостол кој го осветлува образот на Македонецот, македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“, гостуваше Митрополит г. Агатангел кој што посочи дека македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт. Порача дека оваа власт не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец.

-Столчени сме, верувам дека како Феникс ќе воскреснеме повторно. Ова што ни се случува на нашата света македонска земја, нашиот македонски народ е навистина нешто што секој вистински Македонец треба да се вознемири. Оној кој ја чувствува, оној кој ја сака, оној кој ја љуби оваа македонска земја, истакна г. Агатангел.

Агатангел го коментираше она што се случува со Гоце Делчев, вели дека иако тој не е историчар знае дека Гоце Делчев е Македонец кој се борел за македонски правдини.

-1894 година Гоце Делчев е учител во Штип, на крајот од годината е поставен на истото училиште и директор, а 1895 за првпат се организира демонстрации против власта. Што значи Гоце Делчев во Штип учел деца Македончиња, бил директор на деца Македончиња, на учители Македонци, духот бил македонски. И зошто тој тогаш ги формирал тие демонстрации, ги организирал тие демонстрации против власта? За да го окуражи народот, да му каже на народот да не се плаши, да си го брани она неговото вистинското македонското, националното, нагласи г. Агатангел.

Агатангел рече дека Делчев е апостол на вистината, апостол на љубовта, апостол на правдата. Апостол Гоце во тој период го осветлува образот на Македонците и говори за вистината и правдата на секој Македонец.

Коронавирус