недела, 15. септември 2019. Вести денес: 62
home Вести

Африкански бран се движи кон Македонија- метеоролозите најавуваат пеколни температури

Африкански бран се движи кон Македонија- метеоролозите најавуваат пеколни температури

Од средината на следната недела нашата територија ќе започне да потпаѓа под влијание на уште потопол Африкански бран, кој ќе биде најсилен ова лето.

Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на голем пораст и истите на повеќе места ќе се искачат над 35 степени, во централните и во југоисточните предели веќе од следниот викенд температурите уште повеќе ќе се зголемат и се очекува да се искачат и до 42, 43 степени.

Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево без врнежи повремено со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9, па така на граѓаните им ппрепорачува да не се изложуваат на директно сонце и да пијат што повеќе течности.