петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Африканската чума на пат кон Македонија- властите не преземат ништо, свињи се шетаат на дива депонија (ФОТО)

Африканската чума на пат кон Македонија- властите не преземат ништо, свињи се шетаат на дива депонија (ФОТО)

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски на новинарско прашање во врска со Африканската чума која повторно е актуелна во регионот вели дека истата иако е многу блиску до границите на Македонија и иако апелирале во минатото за преземање на сет сериозни мерки кои што ќе значат заштита на домашното производство нема ништо од тоа.

-Гледаме дека мерките кои што се обиде да ги спроведе министерството преку агенцијата за храна не дадоа никаков резултат и доживеа едно тотално фијаско, како што е мерката за депопулација. Она што е алармантно покажува дека имаат несериозен однос кон оваа ситуација која демне да го уништи нашето свињарство во Македонија, вели Трипуновски.

Тој додава дека имаме актуелна забрана за сточниот пазар во Трубарево да не функционира со цел да се заштити сточниот фонд, меѓутоа денеска тој ист пазар работи.

-Институциите кои што се надлежни да го контролираат овој промет и стока не си ја извршуваат работата, рече Трипуновски.

Инаку за алармирањето на Трипуновски денеска се пожалија и сточарите од делчево каде со денови апелираат министерството и државата да преземе нешто во врска со африканската чума која во моментов е присутна на само три километри од нивниот град и тоа во соседна Бугарија.

Овие фотографии се направени на една дива депонија каде овие свињи слободно се шетаат, а можеби за некое време ќе се најдат и на некоја македонска трпеза…

Коронавирус