четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

АФЕРА КЕШ: Еве колкави бонуси добивале вработените во СЈО, јавноста се погласна дека Заев на овој начин ја корумпирал правдата со државни пари

АФЕРА КЕШ: Еве колкави бонуси добивале вработените во СЈО, јавноста се погласна дека Заев на овој начин ја корумпирал правдата со државни пари

Јавноста речиси остана запрепастена по обелоденување на аферата кеш каде беа објавени сите енормно високи хонорари кој ги добивале вработените во СЈО на чело со сега веќе поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е во домашен притвор и обвинета во случајот „Рекет“ како и останатиот тим зад неа.

На високите надоместоци кои ги добивале во СЈО денеска реагираа многу новинари, политичари, аналитичари, адвокати и обични граѓани.

Финансиските трансакции инаку беа објавени на Твитер акаунтот @mikrobot кој инаку е основач на Тиме.мк, а во целост ви го пренесуваме во продолжение.

По ова адвокатот Тони Менкиноски бара оставка или суспензија за сите од СЈО како не би ја попречувале истрагата за енормните бонуси што ги добивале обвинителите во СЈО.

Во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија во врска со темата “Оставки на специјалните обвинители и враќање на парите” и енормните бонуси што ги добивале обвинителите, адвокатите Тони Менкиноски и Драган Малиновски јасно истакнаа дека во случајот се погазени начелата и принципите за совесност, одговорност, коректност и побараа оставки.

Адвокатот Тони Менкиноски истакна дека постои свесно злоупотребување на законот од страна на носителите во специјалното јавно обвинителство.

-Проучувајќи, утврдив дека оваа област е доста регулирана и во делот за надоместоците кои можат да ги добијат јавните обвинители согласно законите може да биде 35 отсто во висина од платата која е примена. Тоа е регулирано според законот за СЈО и законот за изменување и дополнување за јавна обвинителска служба, законот за платите на јавните обвинители. Така да тука постојат стрикни законски одредби. Значи јасно е утврдено колкава може да биде платата на Катица Јанева и на јавните обвинители на РМ. Значи максималната плата на катица јанева можела да биде 90 илјади денари со се сите надоместоци, а максималната плата на другите обвинители да биде 76 илјади денари. Тие треба веднаш да си поднесат оставка и да ги вратат парите назад и да не ја бламираат македонската јавност, бидејќи ова што се случува е срамота. Ваквото садистичко однесување од страна на СЈО со парите од државните обврзници не е дозволено. Значи постои мотив според кој тие го избегнувале законот. Јасен е законот. Имено, после овој скандал јас очекувам дека веднаш специјалните јавни обвинители треба да си поднесат оставки, а доколку тоа не се случи потребно е јавниот обвинител на РМ веднаш да ги суспендира овие обвинители, рече Менкиноски.

Јавноста по овој скандал на социјалните мрежи се повеќе е гласна дека на овој начин на делење на високи хонорари Заев ја корумпира правдата во Македонија и тоа со државни пари.

Заев сака да ги заташка доказите за криминал во СЈО?

Откако на очиглед на јавноста излезе коруптивното работење во СЈО преку делењето на баснословни хонорари високи илјадници евра, актуелната власт предводена од СДСМ и Зоран Заев од една страна сега се обидува да ги заташка доказите кои покажуваат криминал во СЈО, додека од друга страна со најавената наводна истрага од страна на ОЈО за финансиското работење на СЈО, Заев пред јавноста сака да се прикаже како голем борец против корупцијата, па дури и кога СЈО е во прашање.

Со обелоденување на скандалозните суми со кои се расфрлале обвинителите и нивните соработници, целосно е разобличено на кој начин функционирало обвинителството кое беше главна алатка при носењето на СДСМ на власт, преку отворање и процесуирање на истраги поврзани со раководството на поранешната власт и високи функционери на истата.

Откако Катица Јанева неочекувано од истражниот затвор во Шуто Оризари, замина во куќен притвор, набргу тајните и „класифицирани“ информации за тоа како се трошел милионскиот буџет на СЈО, платите и вртоглавите надоместоци за „доверливост“ испливаа на површина и тоа преку државниот портал на Министерството за финансии, „Отворени финансии“.

А откако јавноста се згрози од тоа како се трошеле народните пари, за кои државниот врв секако знаел, обвинителката Русковска, со финансиски истражители влезе во СЈО. Се проверуваше финансиски криминал во СЈО во кој сосема е сигурно дека не е вклучена само Катица Јанева, туку и нејзини колеги и колешки.

Граѓаните станаа веќе имуни на очигледно задоцнетите реакции кога е во прашање Обвинителството и Јанева, бидејќи сѐ уште се свежи сеќавањата за допуштеното време специјалната обвинителка да компромитира докази за истрагата во која веќе двајца беа притворени. Во тој период се случија и бришење на компјутери во СЈО, „губење“ и бришење на телефони кои беа материјален доказ во постапката…

Упатените од друга страна, постојано потенцираа дека таков финансиски скандал не може да се одвива без знаење на високиот владин врв, додека премиерот ја отфрлаше вината, со ставот дека токму тој прв ѝ го пријавил случајот на Русковска, а со тоа треба да се отфрли секаква вина која евентуално би паднала и на негов грб.

Но, притисокот на јавнста и меѓународниот фактор ја сменија насоката на делување, па сега во обид комплетно да се обезбедат и сокријат доказите кои укажуваат на коруптивно работење и вмешаност на партиски функционери, Русковска го прави последниот „удар“ во просториите на СЈО. Со навидум решителност за да се обезбеди материјал за евентуална финансиска злоупотреба во СЈО, власта ослободува простор за ставање под контрола на штетата, со што се пушта низ вода цело СЈО, а сѐ во обид да се добие битката на претстојните парламентарни избори.

При упадот на Русковска со свои истражители во СЈО, „Вечер“ објави дека при самиот попис на документите е најдено криминал во финансиските книги на СЈО. А, парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели, го надминуваат буџетот на СЈО. Ова би значело дека вишокот пари кои се делени делумно се и од непознато потекло.

„Први претпоставки се дека тие пари се од дипломатски извори и, или, од владини и партиски извори за да се делат помеѓу обвинителите и истражителите кои одработувале за интерес на извршната власт и партиите кои ја сочинуваат. Од тие мистериозни пари плаќани се и новинари, роднини на судии, роднини на директори на затвори и на партиски функционери од сегашната власт. Сосема е извесно дека може да се очекуваат нови истраги за некои од обвинителите во СЈО кои знаеле за приходите на СЈО и, исто така, по службена должност знаеле дека не може да примаат по сто илјади евра екстра приходи годишно без оглед што се труделе тоа да го маскираат со правни образложенија“, објави порталот Вечер.

 

Поранешниот пратеник Сафет Бишевац на дебатна емисија на Телвизија 24 вчера прашува како тоа само Катица Јанева земала повеќе од 150 илјади евра за доверливост, а не земал ниту еден друг обвинител?

Само Катица Јанева земала повеќе од 150 илјади евра додаток за доверливост. Тоа што таа како обвинител во СЈО земала екстра пари за доверливост или за да молчи за разговорите кои ги поседува обвинтелство е срамно. Се подразбира дека секој што е избран за таа функција дека мора да го почитува начелото на доверливот. Па и оние кои се во системот на јавното обвинителство ја имаат иста обврска, а не земаат толку пари како што вдовме дека било случај во Специјалното јавно обвинителство, рече Сафет Бишевац, поранешен пратеник на дебатата на Телевизија 24.

-Ова е срамно осиромашување на народот на сметка на некои поединци на кои и тоа не им било доволно па сакале преку леб погача, додаде Бишевац.

Според него самиот избор на еден неискусен обвинител за СЈО како Катица Јанева, непознат на пошироката јавност ја детерминараше и целта.

-На старт е направен трул компромис, рече Бишевац.

Најнови вести

Коронавирус