среда, 5. август 2020. Вести денес: 168
home Вести

АФЕРА ФАРМАГЕЈТ (3): Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Филипче и Заев?

АФЕРА ФАРМАГЕЈТ (3): Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Филипче и Заев?

Во првиот и вториот дел од истражувањето „Економски Лидер“, откри четири компании кои се дел од фармацевската мрежа за извлекување на државни пари од тендери.

-Статистички увидовме како овие компании прават екстра профити на државна сметка и како се поврзани со политичари. Во третиот дел одиме чекор понапред и ја откриваме главата на целиот овој процес, во кој се вмешани многу повеќе од овие четири компании.

Сите податоци кои ќе ги изнесеме во третото продолжение ни се поткрепени со докази како сведоштва од луѓе, снимки од безбедносни камери и длабински финансиски анализи. Доколку било кој од споменатите сака да започне судски процес за пишувањата, подготвени сме да ги извадиме доказите, пишува Лидер.

Кој е Стојан Ангелов?

Стојан Ангелов е македонец кој има околу педесетина години и е родум од Струга. Од својата 19-та година тој живее и работи во Прага, Република Чешка.

Од сиромашен емигрант, овој нашинец успеал да стигне до ниво да биде еден од побогатите жители на Прага. Во Чешка тој поседува хотели, ресторани, деловни простори кои ги изнајмува, печатници, ланец на сувенирници.

Како Стојан се збогатил? Никој не знае, но јасно е дека има акумулирано огромен капитал.

Во Македонија, тој е практично сопственик на компанијата „ИЦС системи“, која има добиено милионски тендери за осветлување од општина Куманово и општина Охрид.

Целиот тескт може да го прочитате на Лидер.мк

Коронавирус