среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 22
home Вести

(АФЕРА) ДУВЛО ЗА ПРОПАГАНДА (1): Активист на СДСМ води портали кои шират пропаганда за власта!

(АФЕРА) ДУВЛО ЗА ПРОПАГАНДА (1): Активист на СДСМ води портали кои шират пропаганда за власта!

Неколку портали синхронизирано објавуваат лажни вести и пропаганда, секогаш во полза на власта и владејачката СДСМ. Се чини, периодов нови сајтови никнаа како печурки а на социјалните мрежи евидентно е дека истите имаат огромен маркетиншки буџет, објави порталот Лидер.

Економски Лидер почнува истражување во четири продолженија, за тоа кој стои позади овие портали и како истите се финансираат. За на крај да составиме целосна слика за медиумската пропаганда на власта.

Низ медиумските кругови, веќе на големо се зборува дека шефот на прес службата на владата заедно со шефот на една невладина организација и еден поранешен шеф за односи со јавноста во министерството за култура – основале дувло за пропаганда и лажни вести во близина на штабот на СДСМ.

Како што пишува порталот Лидер.мк тие во стан, тие секојдневно се собирале и ја подготвувале владината пропаганда, а плеада од ботови истите материјали ги распростанувале по нивните сајтови и социјалните мрежи.

Сајтовите им се поделени на неколку „крила“, во неколку фирми, а има и такви позади кои стојат физички лица.

Економски Лидер, почнува со своето истражување преку мапирање на два веб сајтови кои се регистрирани во Крива Паланка а се поврзуваат со името на генсекот на владејачката СДСМ, Љупчо Николовски и неговото семејство. Се работи за порталите gragjanskizbor.mk и iportal.mk.

Овие два портали се регистрирани на име на компанијата „Друштво за производство, трговија и услуги УЛТИМЕЈТ ИНОВЕЈШН КОМПАНИ ДООЕЛ увоз-извоз Крива Паланка“, каде сопственик и управител е извесен Јорданчо Миневски. Истото лице е и наведено како главен уредник на двата портали, а во исто време редакцијата ја сочинуваат и извесни Христина Стојановска и Стефан Димитровски.

Името Јорданчо Миневски воопшто не е познато во македонската медиумска јавност, но доколку го отворите неговиот профил на Фејсбук, ќе видите дека тој воопшто не крие дека е дел од СДСМ и дека повикува за гласање за оваа партија.

Се поставува прашањето, како е можно лице кое повикува за гласање на избори да биде независен и објективен новинар, а во исто време, како независен и објективен новинар да биде финансиран од државата?

Имено, неговата компанија има добиено реклама од Државната видео лотарија и јавно е објавен банер на порталот iportal.mk. Се поставува прашањето по кој критериум од Државната видеолотарија го избрале овој сајт воден од активист на СДСМ за рекламирање? Но од државната компанија упорно не даваат одговор.

Покрај државната реклама, овој портал има и реклама од ресторанот Еквилибриум.

Истиот ресторан, каде често може да налетате на генсекот на владата Љупчо Николовски (кој исто како и сопственикот е од Крива Паланка), се рекламира и на вториот сајт на Јорданчо Миневски (gragjanskizbor.mk), каде покрај него, може да се забележи и компанијата за транспт и шпедиција „Ларикон Инвест“.

Чудно е кога шпедицијата „ се рекламира на медиум, ако се знае дека шпедициите не ги користи целата популација и од маркетиншки аспект рекламирањето на услугата сигурно не е главен мотив за оваа реклама.

Проверката во централниот регистар покажува дека компанијата на Јорданчо Миневски (активист на СДСМ кои поседува портал кој добива државни пари), во 2018 имала вкупен приход од 211.000 денари.

Ако се знае дека половина од оваа цена е потребна само за да се плати сервер за страниците на годишно ниво, се поставува прашањето како со 100.000 денари три лица земале плата цела година и дали можеби им се даваат пари под маса? Ако се знае дека сепак порталската работа бара многу труд.

Во исто време, симптоматично е што овие два сајтови често се појавуваат како “Sponsored” на социјалната мрежа фејсбук, што значи дека за нив се инвестираат многу пари а на хартија се покажуваат само 211.000 денари.

ЕУРО 2020

Македонија