сабота, 10. април 2021. Вести денес: 65
home Вести

Аџиоски: Со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ќе им се даде можност на општините да продолжат да се задолжуваат и ненаменски да ги трошат народните пари

Аџиоски: Со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ќе им се даде можност на општините да продолжат да се задолжуваат и ненаменски да ги трошат народните пари

Мирче Аџиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница говореше за законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа по скратена постапка и посочи дека со овој закон на локалните самоуправи ќе им се даде можност во иднина да си продолжат да се задолжуваат и ненаменски да ги трошат парите на граѓаните.

-Денес пред нас е законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа по скратена постапка. Овој проблем со финансирањето на локалните самоуправи се провлекува години наназад и со носењето на овој закон само ќе се продолжи да се финансира општините од државниот буџет и со тоа само ќе се намали моќта на општините, а ќе се зголеми зависноста кон централната власт што е спротивно на заложбите за целосна децентрализација на локалните самоуправи, а дополнително локалните самоуправи со овој закон ќе им се даде можност во иднина да си продолжат да се задолжуваат и ненаменски да ги трошат парите на граѓаните, рече Аџиоски.

Понатаму пратеникот посочи дека владата нема план и стратегија да го реши проблемот со локалните самоуправи.

-Бидејќи владата нема план и стратегија да го реши овој проблем со локалните самоуправи и во 2018 година им префрли на општините 50 милиони евра за да ги подмират неплатените долгови. Но од ова гледна точка кога ќе се погледне, ќе се види дека општините и градоначалниците од СДСМ и ДУИ понесени од фактот дека некој друг ќе им ги плаќа долговите си продолжија да генерираат долгови и ненаменски да ги трошат парите на граѓаните, па така од вкупно 97 милиони евра колку што должеа општините со исплатата на 50 милиони евра од Владата долгот се намали на 47 милиони евра кои само за две години подоцна повторно порасна на 70 милиони евра што значи дека градоначалниците на СДСМ за две години генерирале нов долг од 23 милиони евра и дека во овие две години, а патем и во целиот мандат ништо не сработиле освен што натрупале нов долг кој сега повторно ќе треба да го платат граѓаните, додаде тој.

Коронавирус