четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Аџиев: Поништувањето на лустрацијата е преседан кој ќе го наруши правниот систем

Аџиев: Поништувањето на лустрацијата е преседан кој ќе го наруши правниот систем

Во вечерашната емисија на телевизија Алфа „Што не е јасно“ гостуваше поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.

Тој во врска на одлуката на владата која побара од собранието да донесе закон за поништување на лустрацискиот процес кажа дека тоа претставува преседан и дека не е познато такво нешто во правната проблематика која се бави со ваков вид на прашања.

Аџиев притоа истакна дека во ниту една држава од пост- комунистичките диктатури кои постоеле не се случило ревирзибилен процес на лустрацијата односно нејзино поништување и дека ваквиот преседан има опасност да го наруши правниот систем во државата.

-Во ниту една држава од пост комунистичките диктатури што постоеја се донесоа закони за лустрација, се спроведоа процесите завршија како што завршија во секоја држава, меѓутоа ниту една држава не покрена ревизибилен процес да се поништи лустрацијата. Значи ова мислам дека е преседан што можеби ќе го наруши нашиот правен систем, кажа Аџиев.

Поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Аџиев појасни дека законот исто така најверојатно ќе биде неуставен и дека се руши правниот систем на државата за да се задоволат потребите на мала група која била засегната со процесот на лустрација.

Најнови вести

Коронавирус