четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 110
home Вести

Адвокатот Тошковски: СЈО не поведе ниту една постапка против било која друга партија и нејзините членови освен за ВМРО-ДПМНЕ, ова ли е неселективна правда?

Адвокатот Тошковски: СЈО не поведе ниту една постапка против било која друга партија и нејзините членови освен за ВМРО-ДПМНЕ, ова ли е неселективна правда?

Адвокатот Панче Тошковски кој воедно е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за новиот Закон за обвнитествто во денешното издание на „Само Вистина“ истакна дека Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева спроведувало селекитвна правда и политички прогон врз опозицијата. Тој запраша дали во јавноста некој знае за една постапка на СЈО која е поведена против било која друга политичка партија освен ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашиот став, ставот на професорската фела, ставот на целокупната македонска јавност која што го проследи развојот на ова адхок тело создадено да се бори со висока корупција е повеќе од јасен. Зошто, бидејќи дејствијата на СЈО сите видовме спрема кого беа насочени. Дали имаше една постапка која СЈО ја поведе за било која друга политичка партија освен за ВМРО-ДПМНЕ, запраша тој.

Тошковски потенцираше дека ниту основната теза во врска со прислушкувањето на СДСМ не е точна, дека впрочем претходната власт ја прислушкувала тогашната опозиција за да обезбеди нелегални докази за нејзините криминали. Ако тоа било така тогаш зошто нема ниту едно обвинение против СДСМ и членови на таа партија прашува тој.

-Тезата првична пред три четири години на тогашната опозиција беше дека, огромен број на прислушкувани разговори се снимени за контрола на опозицијата од страна на власта која наводно вршела нелегално прислушкување имало бомби, имало докази итн. Е сега ако биле прислушкувани тогашните функционери на тогашната опозиција, нели имаше градоначалници, на јавни претпријатија директори итн. Значи соогласно ова што го тврдат сите тие се невини пред законот за сите нив нема никаков основ ниту основано сомнение, има основано сомнение да се водат постапки само за членови на ВМРО-ДПМНЕ и против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба да речеме дека е неселективната правда кое ова обвинителство требаше да ја покаже во македонската јавност, прашува Тошковски.

Коронавирус