среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Адвокатот Страшевски поднесе кривична пријава за претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев

Адвокатот Страшевски поднесе кривична пријава за претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев

Адвокатот на Тони Трајковски, Јовица Страшевски, денеска поднел кривична пријава до претседаетлот на Кривичниот суд Иван Џолев, пишува Република.

Кривичната пријава е поднесена по три основи:

злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст. 5 од КЗ

неосновано работење во службата по чл. 353 ст. 2 од КЗ

непријавување подготвување кривично дело чл. 363 ст. 1 од КЗ

Во пријавата Џолев се товари за давање налог и распоредување на поротничката откако ѝ бил истечен мандатот. Кривичната пријава на адвокатот Страшевски е поднесена за натамошно постапување до Министерството за внатрешни работи и од Републичкно јавно обвинителство.

Коронавирус