сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 92
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Адвокатот Страшевски до министерката Дескоска: Јавното здравје е заедничка одговорност!

Адвокатот Страшевски до министерката Дескоска: Јавното здравје е заедничка одговорност!

Адвокатот Јовица Страшевски напиша писмо до министерката за правда Рената Дескоска, во кое јавно ја прашува зошто се уште судовите се полни и редовно се оддржуваат судења. Во писмото Страшевски бара одговор на повеќе прашања:

„Согласно последното соопштение на Судскиот совет од 17.03.2020 година кое е идентично со ставот на Министерството за правда се констатира фактот дека над 90 проценти од предметите (не постои предмет освен ретки исклучоци каде не е определена мерка на претпазливост) кои се во надлежност на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција судот ќе продолжи да ги суди и во вакви услови кога за сите нас најважно е здравјето на граѓаните.

Ваквиот став значи секојдневно стотици и стотици лица да бидат присутни во судот што дава можност за ширење на вирусот.

Се надевам дека адвокатите, обвинетите, судиите, поротниците, вештаци, сведоци, припадниците на МВР и судската полиција, новинарите, преставниците на невладиниот сектор и вработените во судот треба да имаме ист третман како и секој граѓанин во нашата држава.

Ве молам со цел да се разјасни на нас адвокатите но и на сите кои директно или индиректно учествуваат во постапките пред судовите да одговорите на следниве прашања:

Дали во судницата треба да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во судницата?

Дали доколку не се обезбеди вака просторни услови треба да се одржуваат судења?

Дали под масовни собири се подразбира и присуство на 20 или повеќе лица во простории од 40 до 150 м2?

Дали за учесниците во постапката важат мерките за самоизолација?

Кој контролира дали некој учесник во постапка пред судот, изминатиов период бил во земји кои се од висок и среден ризик на зараза имајќи во предвид дека изминативе денови во судот имаше сведок кој беше од Дебар или адвокат кој бил во вакво подрачје а слободно се движеа во судот? Кои се санкциите за ваквите дејствија?

Кој е надлежен за дезинфекција на судниците, шалтерите, ходниците, лифтовите, тоалетите и другите простории во судот?

Дали е доволно само двапати во една недела да се дезинфицира судница каде секој ден има и по неколку судења?

Кој контролира дали судниците и другите простории се дезинфицирани и каде да пријавиме доколку не се?

Врз база на која методологија правници т.е претседателите на судовите и судиите ќе определуваат кои предмети не се со висок ризик по здравјето на учесниците во постапката нешто што е наведено во ставот на Судскиот совет?

Кој треба за сите присутни во судницата да обезбеди заштитни маски и нараквици?

Дали за учесниците во постапката кои во исто време се и родители со деца до 10 години кои се во градинка или училиште треба да се појавуваат на рочишта?

Дали учесници во постапката кои спаѓаат во група на хронично болни од некоја болест согласно листата објавена од Владата треба да се појавуваат на рочишта?

Земајќи во предвидека во Основниот кривичен суд каде се судат овие предмети но и во останатите судови не се овозможува употреба на информатичка технологија за да има видео стриминзи и слично дали треба да се одржуваат судења земајќи во предвид дека неопходно е јавност при судењето?

На крај сакам да Ве замолам уште еднаш заедно со стручните лица да го разгледате ставот на Министерството за правда кое е идентичен со оној на Судскиот совет,  бидејќи јавното здравје е заедничка одговорот и од нас зависи како ќе се справиме со корона вирусот.

Коронавирус