петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 105
home Вести

Адвокатот на Доневски за Курир: Поднесовме жалба за мерката притвор

Адвокатот на Доневски за Курир: Поднесовме жалба за мерката притвор

По добивањето на решението за притвор, го искористивме законскиот рок од 24 часа и поднесовме жалба за изречената мерка од страна на судот, вели во телефонска изјава за КУРИР, адвокатот на Васе Доневски поранешниот директор на СОРЗ, Јанаќиевиќ.

Триесет дневниот притвор е одреден бидејќи судијата на претходна постапка сметал дека Доневски може да влијае по двата клучни основи за одредување на истиот, односно да се даде во бегство и да влијае на сведоци.

Адвокатот Јанаќиевиќ за КУРИР вели дека пред судот била презентирана и документација која потврдува дека Доневски не би се дал во бегство.

-Доневски е познат, семеен човек, татко на две деца. Неговата сопруга е оперирана и тешко болна со намалена работна способност и намалено работно време, за што приложивме документација. Неговата ќерка е во 9-тиот месец од бременоста, а и тој има здравствени проблеми и за сето наведено пред судот ја приложивме соодветната документација. Дополнително, Доневски истакна дека нема роднини во странство, објаснува адвокатот на поранешниот директор на СОЗР кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Тој нагласи и дека Доневски пред три месеци бил контактиран од Финансиската полиција, па доколку сакал можел уште тогаш да се даде во бегство, но тој соработувал со надлежните органи.

-Доневски е професионалец. Пред околу три месеци кога телефонски го контактирале од Финансиската полиција, тој отишол и соработувал со нив. Во ниту еден момент не ја попречувал истрагата и соработувал со органите и на денот на претресот кој траеше неколку часа, вели Јанаќиевиќ.

По однос на вториот основ, влијаење на сведоци, Јанаќиевиќ за КУРИР вели дека органите на прогонот ја имаат целосната документација за случајот за кој се сомничи Доневски, односно неправилности при тендерска постапка, па оттука е нејасно како и на кои сведоци може тој да влијае кога материјалните докази на кои се основа случајот се обезбедени.

Адвокатот нагласи и дека на судијата на претходна постапка му бил понуден пасошот на Доневски како гаранција дека нема намера да се даде во бегство, но судијата не прифатил и ја одредил мерката 30-дневен притвор.

Коронавирус