среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 28
home Вести

Адвокатката Николовска: Боки сам не може да изрекетира 500 денари од продавница, а не милиони од бизнисмени

Адвокатката Николовска: Боки сам не може да изрекетира 500 денари од продавница, а не милиони од бизнисмени

Адвокатката и член на Правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, Ружица Николовска го даде своето стручно мислење за денешната пресуда за случајот „Рекет“ во гостувањето во телевизија Телма. Според неа зад случајот се кријат високи структури во власта.

-Ние овде сега имаме една друга ситуација, зборуваме за поголема структура, за октопод, овие лица кои што денеска беа прогласени за виновни и им беа изречени казни се само извршители. Но нарачателот сметам дека е во повисоките структури на власта, вели Николовска.

Таа не смета дека ниту Катица Јанева, ниту Бојан Јовановски го имаат капацитетот за сами да ја спроведат операцијата „Рекет“.

-Имајќи го во предвид целото постапување на Јанева уште од моментот на нејзино поставување како Специјален јавен обвинител начинот на давање на изјавите, постапувањето, сметам дека таа самата лично не поседува капацитет за да може ваков тип на активности да спроведува самостојно. Зборуваме за милионски суми јас не веривам дека Боки 13 би можел сам да изрекетира ниту 500 денари во маалска продавница, а камо ли да рекетира бизнисмени за милиони без да има поддрка за сето тоа, посочи Николовска.

Според Николовска сомнеж во епилогот на судењето дава и тоа што на одбраната, односно на Бојан Јовановски не му беше дозволено да ги изведе сите докази кои ги поседува пред судот.

-Ние тука не видовме клучни елементи, спротивставување на докази. Тоа беше апелирано многу пати. Без разлика што Боки 13 е обвинет ако апелира на нешто и ако постојат докази да бара нешто да се случи и вие тоа го избегнувате и одите на претпоставки. Самиот тој укажуваше на тоа во смисла на комуникација со Зоран Заев и тоа во време кога тој бил премиер. Ако ништо друго обвинителството треба да се огласи на сето тоа и да испита тие наводи, заклучи адвокатата.

Коронавирус