сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Адвокатката Јошевска Анастасовска: Ако Дурловски биде осуден, тоа е една голема неправда и навистина политички прогон

Адвокатката Јошевска Анастасовска: Ако Дурловски биде осуден, тоа е една голема неправда и навистина политички прогон

Дурловски бара да биде суден правично и без мешање на политиката. Останатото во неговиот пост се емоции, пишува адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска на својот Фејсбук профил.

-Секој кој гради мислење и дава опсежни коментари и прогнози во врска со оваа вест па го суди пред да е осуден, треба да ги знае следните факти:
1. Игор Дурловски има одржано 3 говори во 60тина дена протести и ниту еден не повикува на насилство. Не е дури ни безобразен. Најчесто ја пее химната и си оди.
2. На 27ми април не ја поведува толпата зошто воопшто не е пред Собрание. Доаѓа 30-40 мин подоцна откако толпата влегува, а сега веќе знаеме и од кого е поведена и со чија помош и кој ги отворил вратите.
3. Обвинителство го гони за следново дејствие -“држел говор со кој повикувал на насилство”, што се докажа дека не е точно бидејќи воопшто не држи говор на 27ми во салата Македонија и за ова има снимки.
4. Обвинителството не го карактеризира како било каков организатор на насилството ниту за ова беа изведувани некакви докази.
Убедена сум дека во законска процедура Дурловски НЕМА ШАНСА да биде осуден за кр.дело Терористичко загрозување на уставниот поредок. Ако биде, тоа е една голема неправда и навистина политички прогон! Затоа, кога тргате да барате крв, прво информирајте се кои се фактите.
Сето спротивно на ова е ситење и признавање дека кога обвинетиот не ни се допаѓа, спремни сме да ја жртвуваме правдата, додава таа.

Инаку, оперскиот пејач Игор Дурловски кој е еден од обвинетите за настаните од 27 април, преку социјалнте мрежи порача дека наместо наместо молба за помилување, одлучил да се бори за докажување на неговата невиност.

-Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.

Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.

Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.

Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.

Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.
Да живее Македонија, пишува Дурловски на социјалните мрежи.

Коронавирус