вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 161
home Вести

Адвокатите во „Топлик“ побараа изземање на Советот

Адвокатите во „Топлик“ побараа изземање на Советот

Изразувајќи сомнеж во непристрасноста во работењето и потенцијалните закани и притисоци, адвокатскиот тим во предметот „Топлик“ побара изземање на Судскиот совет врз основа на изјавата на Катица Јанева дека СЈО поседува материјали за прислушкувани судии.

Барањето на адвокатскиот тим е да се одложи ова рочиште и СЈО да достави список на сите судии за кои поседува незаконски прислушкувани материјали со што би се оттргнал сомнежот дека и на тој начин се врши притисок да работат во полза на СЈО.

Продолжува тензичната атмосфера во судница и по однос на записниците. Адвокатот Наков рече дека доколку не го добие записникот на ЦД ќе го напушти судењето. Судијата Шабани се закани со казни и санкции. Наков рече дека нема да учествува активно во судењето, нема да говори, туку само ќе биде присутен во судницата.

Миле Јанакиески го замоли судија да даде оригинал ЦД за да може одбраната да го спореди со писмениот записник.

-Го споредив ЦД-то со записникот и увидов дека недостасуваат делови каде мојот бранител Наков елаборира, а недостасува и произнесувањето на Јавното обвинителство. Во тој дел морам да додадам дека фали и ваша изјава каде Вие зборувате и донесувате едно решение. Затоа барам ЦД и одложување на ова рочиште, рече Јанакиески.

Најнови вести

Коронавирус