среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Адвокатите на осудените во 27 април бараат изземање на судиите

Адвокатите на осудените во 27 април бараат изземање на судиите

Апелационите судии одлучуваат по барањето на одбраната, односно адвокатите Ѕвонко Давидовиќ кој е бранител на Душко Лазаров на адвокатката Павлина Зефиќ која е бранител на Митко Пешов и на адвокатката Душица Николовска која е адвокат Горан Гошевски Леви за иземање на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска бидејќи тие претходно одлучувале за осудените за 27 април како за мерките за притор така и за забраната на амнестија на дел од оние кои што денеска се во судница.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ пред камерите и кажа дека бараат иземање затоа што според закон тие денеска не смее да одлучуваат откако веќе одлучувале за овој процес, бидејќи веќе имаат заземено свој став и мислење.

-Во два наврати Јани Нича и Енвер Беџети беа судии, ние ги побивавме по жалба пред Врховниот суд, еднаш за гаранција, еднаш за продолжување на притвотот и сметам дека не за џабе законот ова го предвидел бидејќи во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, тежина, политичка мотивираност и се понатаму што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење.

Парламентарни избори 2020